Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА) издејствува локално примирје во Украина за да се овозоможи поправка за обновување на надворешното напојување на нуклеарната централа во Запорожје, соопшти ИАЕА. Договорот стапи на сила ноќеска на полноќ и најавено е дека ќе трае четири дена.
„Централата има мали резерви на дизел гориво и соочува со можен прекин на струјата во рок од неколку денови, освен ако не се обнови напојувањето или ако на локацијата не се транспортира повеќе дизел“, соопшти агенцијата за атомска енергија при Обединетите Нации (ОН).
Украинските техничари ќе почнат со поправки на далекуводите во текот на денот, додаваат од ИАЕА, по деминирање на подрачјето, пренесува „Ројтерс“.
Нуклеарката Запорожје во Украина, која е под контрола на Русија, е без надворешно напојување од 20 август и од тогаш се потпира на дизел генератори за итни ситуации за ладење на нејзините витални безбедносни системи.












