Демократската унија за интеграција реагира дека и годинава ниту еден Албанец не се најде меѓу добитниците на државните награди „8 Септември“ за спортски достигнувања и животно дело.
Од партијата велат дека албанските спортисти и тренери со своите успеси ја претставуваат Македонија, но нивниот придонес не бил соодветно препознаен од државата.
Од ДУИ оценуваат дека ваквата состојба отвора прашања за критериумите според кои се доделуваат признанијата и за застапеноста на Албанците во државните институции.
Партијата прашува дали станува збор за случајност или за поширок проблем со начинот на кој се вреднуваат достигнувањата на албанските спортисти.













