Полициски службеници од СВР Скопје на 3 септември го лишиле од слобода 45-годишниот З.С. од Скопје, по пријава за две тешки кражби на пригушници од железничка пруга.
Едната кражба била извршена на подрачјето на Полициската станица Аеродром, а другата на подрачјето на ПС Драчево. По пријавата, полицијата презела мерки и активности, по што осомничениот бил приведен во ПС Аеродром.

Украдените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, „Железници на РСМ“. По целосното расчистување и документирање на случајот, полицијата најави дека против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.













