Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Денеска во Собранието доделување на државната награда „8-ми Септември“ за остварувања во областа на спортот

/

Македонија

Сподели преку :

Одборот за доделување на државната награда „8-ми Септември“ денеска во Кристалната сала на Собранието ќе ги врачи наградите за највисоко признание за животно дело и признание за спортисти, тренери и спортски работници за остварувања во областа на спортот за 2026 година.

Трајчо Димков е годинашниот добитник на наградата за животно дело за исклучителен придонес во развојот на спортот, афирмацијата и промоцијата на Република Северна Македонија на меѓународен план (борење).

Наградите со кои што се оддава признание на спортисти, тренери (селектори) и спортски работници за остварувања во областа на спортот им се доделуваат на: Димче Ангелов, Ацо Крстов, Дејан Ангеловски и Ангел Мицевски.

Jumbo 2