Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мадуро дo судот: „Јас сум воен заробеник“, отфрлете го обвинението

/

Свет

Сподели преку :

Мадуро бара имунитет и отфрлање на обвинението за трговија со дрога пред федералниот суд во Менхетен, тврдејќи дека како претседател на Венецуела не може да биде кривично гонет во САД и дека неговото заробување во американската воена операција во Каракас на 3 јануари било незаконско.

Одбраната тврди и дека дејствијата што му се ставаат на товар на Мадуро биле преземени во рамките на неговата службена функција.

Мадуро претходно се нарече воен заробеник, а американската операција во која беше приведен ја опиша како киднапирање. Сепак, статусот на воен заробеник засега претставува тврдење на одбраната, а не правна квалификација утврдена од американскиот суд.

Најголемата пречка за неговата стратегија е ставот на Вашингтон, кој од 2019 година не го признава Мадуро како легитимен претседател на Венецуела. Американските судови во ваквите спорови најчесто се повикуваат на позицијата на извршната власт при одлучувањето дали одреден странски функционер има имунитет.

Одбраната возвраќа дека легитимноста што ја оспорува Вашингтон не го менува фактот дека венецуелските институции го сметале Мадуро за шеф на државата. Адвокатите укажуваат и на противречноста САД да соработуваат со Делси Родригез, која беше назначена од Мадуро, а истовремено да тврдат дека тој немал претседателски статус.