Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Светот се подготвува за Ел Нињо – станува сѐ посилен поради климатските промени предизвикани од човекот

/

Свет

Сподели преку :

Нова студија сугерира дека Ел Нињо – природниот климатски хаос-агенс кој се појавува на секои неколку години и ги зголемува веќе затоплувачките глобални температури – станува сè посилен поради климатските промени предизвикани од човекот.

Ел Нињо е повеќе од 36% посилeн отколку што бил пред почетокот на индустриската ера во средината на 19-тиот век, со скок од 16% само во последните 40 години што покажува дека зголемувањето се забрзува, според студија објавена во списанието „Science“.

Наодите доаѓаат во време кога Ел Нињо, кој се формираше пред неколку месеци, веќе се смета за супер силен и се предвидува дека ќе биде најголемиот досега регистриран во наредните месеци.

Ел Нињо, кој претставува привремено затоплување на делови од  Пацифик, го менува времето низ целиот свет, зголемувајќи ги екстремните настани, вклучувајќи топлотни бранови, поплави на некои места и суши на други. Кои можат да чинат трилиони штети.

Научниците долго време теоретизираат дека како што светот се затоплува, Ел Нињо ќе станува посилен бидејќи се базира на разликите во температурата на океанот во споредба со просекот.

Но, записите од набљудувањата датираат само од пред околу 75 години, па научниците обично велат дека податоците се премногу нејасни.

Иако тие ги разгледале историските записи кои покажуваат каква нестабилност носел Ел Нињо – како што е супер големиот во 1877 година – поради промените што ги предизвикуваат низ целиот свет.

Научиниците анализирале што се случило со коралите низ вековите за да дејствуваат како „временска машина за да се погледне во минатото“.

Мерењата на односот на калциум и стронциум во коралните скелети и на различните изотопи на кислород создаваат две независни мерења на морската вода во која се формирал коралот.

Друго мерење на ураниум и ториум покажува кога се формирале тие скелети.

29 корални фосили на островите Галапагос – 14 од пред индустриската ера, 14 по и околу тоа време. Најстариот е од околу 1100 година.

Температурите што биле измерени во текот на повеќе од 900 години се нерамномерни, со празнини.

Научници велат дека состојбата само ќе се влошува.

Надворешните научници се поделени во врска со истражувањето, при што некои го поздравуваат како важно и доверливо, а други велат дека не веруваат бидејќи се судира со некои неодамнешни набљудувања.

И климатски научник од Универзитетот во Пенсилванија, Мајкл Ман – создавачот на стапот за хокеј на температурата – и морскиот научник од Универзитетот во Северна Каролина, Џон Бруно, велат дека податоците за коралите се во спротивност со неодамнешните набљудувања на температурата на водата на Галапагос.

Податоците покажуваат „значителен пад во последните децении“ на варијациите поврзани со Ел Нињо во близина на Галапагос во времето кога емисијата на стакленички гасови најмногу се зголемила, вели Ман.

Она што го рефлектира коралот не е промена во Ел Нињо, туку затоплување од стакленички гасови, додава  Бруно.

Научнииците сметаат дека огромниот Ел Нињо од 1997-1998 година, а потоа и помалите до 2023-24 година, создале ситуација каде што се чини дека Ел Нињо не се зајакнува бидејќи мерењата се базираат на временски период од 20 години, а имало неколку години што паѓал помеѓу супер Ел Нињо, што ги искривило податоците.

Но, сите научници се согласиле дека климатските промени се проблем, со или без влошување на Ел Нињо.