Повеќе од 80 мигранти, меѓу кои и бебе, се удавија денеска во близина на шпанските Канарски Острови, додека спасувачките служби успеаја да спасат 44 лица. Бродот со вкупно 128 лица испловил од Гамбија пред 26 дена и се движел по најопасната мигрантска рута, јавува шпанскиот телевизиски канал Антена 3.
Поморската служба за спасување синоќа започна спасувачка операција, откако бродот се наоѓаше на околу 60 милји јужно од Гран Канарија. Според Поморската служба за спасување, во бродот останале пет тела кои не можеле да се извлечат поради лошите временски услови.












