Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Општина во Анкара во центар на скандал во Турција – 129 вработени позитивни на дрога

/

Свет

Сподели преку :

Општина Кечиорен во Анкара е во центар на скандал во Турција со позитивни тестови на дрога, јавува турски Ханер Турк. Вкупно 171 вработен во општинската администрација имале позитивни резултати, а обвинителството во Анкара почна истрага.

Тестовите за присуство на опојни супстанци ги иницирал градоначалникот на Општина Кечиорен, Месут Озарслан, со цел зголемување на безбедноста на работа и подигнување на стандардот на услуги.

На иницијалниот доброволен скрининг, 171 вработен добиле позитивни резултати. По повторените детални испитувања, 42-ца вработени биле со негативни резултати, додека кај 129 било потврдено присуство на наркотици.

Против 129-те позитивни е покрената судска постапка под обвинение за набавка, поседување и консумирање на дрога. Дел од вработените, пак, кои одбија да бидат тестирани, поднесоа оставки или се отпушени од службата.

Фото: instagram/printscreen