Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Емотивни реакции на жртвите од Пулс, наместо да им ги славиме родендените следиме судења за нивната смрт

/

Македонија

Сподели преку :

Додека обвинетиот градежен инспектор, Николчо Боцев за трагедијата во Пулс, повеќе од три часа се обидуваше да го оспори градежното вештачење за диското, родителите на загинатите деца револтирано реагираа. Двајца од нив ги потсетија обвинетите дека неделава нивните мртви деца требало да ги слават своите родендени. Мајката на 37 годишниот Ди Џеј, Стефан Тасев и таткото на 25 годишниот Томче Стојанов.

-Сакам да му го честитам роденденот на мојот починат син, да видат обвинителите како ние ги прославуваме „најсреќните“ денови – рече Мита Тасева, мајка на Стефан.

„Утре е роденден на ова златно, прекрасно дете. Тој што таму се брани Николчо, што се брани дека не е крив, тој ми го уби детето. Ако тој извршеше контрола немаше  јас утре на гробови за ова детенце прекрасно“, рече  Драги Стојанов, родител.

Во судницата пак, Боцев во своја одбрана поставуваше прашања на тројцата вештаци кои го изработиле вештачењето. Се обиде да докаже дека во вештачењето не е лоциран со име и презиме како виновен, но и дека периодот во кој бил тој општински инспектор не е децидно наведен во вештачењето. Во еден момент, вештакот Горан Марковски му посочи дека по неколку пати одговара на исти прашања и дека по којзнае кој пат стои зад напишаното дека имало незаконска пренамена на објектот, била променета електричната водоводната и канализациона инсталација, биле вградени несоодветни материјали со што била нарушена безбедноста. Инспекција во периодот од 2012 до трагедијата немало, а двајца инспектори излегле на терен тек по несреќата.

„Два записници се потпишани од инспекторите Николчо Боцев и Љупчо Стаменков, и вештаците во потполност се согласуваат со содржината. Напишале дека за објектот е издадено одобрение за деловен објект за лесна индустрија и истиот повеќе од 15 години се користи како објект за угостителска дејност-диско. Градежниот инспектор можел и морал да делува објектот да биде затворен сè додека не се расчистат сите неправилности“, рече Горан Марковски – вештак.

Адвокатот на обвинетиот Боцев рече дека на некое од следните рочишта ќе даде изјава во одбрана на инспекторот.

Во пожарот во „Пулс“ загинаа 63 луѓе, а обвинети се 34-ца. Според вештачењето, објектот не можел да се користи како дискотека.

Билјана Николовска

Jumbo 2