Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Градоначалникот и советниците од опозицијата ги судрија ставовите околу состојбата со јавниот превоз во градот

/

Македонија

Сподели преку :

Советниците од опозициските партии на денешната седница на Советот на Град Скопје го обвинија градоначалникот, Орце Ѓорѓиевски, дека ветувањата од предизборната кампања за зголемување на бројот на автобуси и почитување на возниот ред не се реализирани, оценувајќи дека состојбата со јавниот превоз е речиси непроменета.

Градоначалникот Ѓорѓиевски ги отфрли обвинувањата, посочувајќи дека во изминатиот период се сервисирани 56 автобуси кои претходно биле неисправни и стоеле во гаражите.

Според него со враќање на тие автобуси на булеварите, состојбата со јавниот превоз е нормализирана.

„И по девет месеци, сликата со јавниот превоз е речиси иста како и претходно. Бројот на автобуси е далеку од потребниот, а ЈСП сѐ уште е задолжено. Расипани автобуси, нередовен превоз, незадоволни патници кои што се возат на +40 степени без клима. На Скопјани не им треба градоначалник кој ќе се фали со помали трошоци. Им треба градоначалник кој што ќе обезбеди функционален градски превоз. Затоа, помалку фалење а повеќе автобуси, ред и одговорност.“ – изјави Кети Штерјова, советничка од СДСМ.

„Во официјалниот извештај од заводот за статистика, каде што вели дека 56 возила, дополнително се ангажирани цел изминат период. Тоа не се возила кои што, повторно ќе кажам, јас ги донесов. Тоа се возила,  и го елаборирав тоа во јавноста и тука сум го споменал, кои што најчесто за ситни поправки стоеја по гаражите. Е сега, каде е тука суштината. Некој, ете беше креативен па го исмеваше сето тоа, околу горивото кое што се трошело. На над 50 возила плус, ние имаме заштеда половина милион евра.“ – рече градоначалникот Ѓорѓиевски.

Jumbo 2