Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Со полуизвинување се обидува да прикрие дека ги прекрши законите – ЛДП бара разрешување на Китановиќ

/

Македонија

Сподели преку :

Либерално-демократската партија (ЛДП) бара „решителност од Владата“ итно да го разреши директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците, Далибор Китановиќ.

Од ЛДП велат дека не е доволно Китановиќ само да ја повлече објавата или да се извини, бидејќи, според нив, со самото објавување е направен чин за кој треба да се утврди евентуална кривична одговорност.

Според партијата со полуизвинувањето на Китановиќ кое го дава по три дена молк, тој се обидува невешто да го скрие фактот дека ги прекршил законите.

„Три дена му беа потребни на Далибор Китановиќ за конечно да објави неискрено полуизвинување во кое ги измеша сопственото семејство, целиот народ и својата партија, обидувајќи се невешто да го скрие фактот дека ги прекрши законите на оваа држава кои мора да важат за сите поддеднакво. Во сериозна и правна држава, по тешка грешка која директно се коси со Кривичниот законик, работата не завршува со детски и патетични изговори од типот „Извини премиере, јас те сакам најмногу на свет, немој да ми се лутиш, еве објавив извинување, само задржи ме на функција“. Ваквиот недоличен пристап не смее да помине ниту како урнек за граѓаните, затоа што тоа е опасно како пример и затоа ниту важи ниту смее да важи за обичните граѓани кои веднаш се соочуваат со силата на законот. Не смее да има привилегирани функционери под заштита на премиерот“, пишува во реакцијата на ЛДП.

Директорот на Агенцијата за заедници Китановиќ го избриша постот за Ратко Младиќ и му се извини на премиерот – тврди дека е жртва на политичка хајка

Му се извинува на премиерот Мицкоски и на министрите што биле вовлечени во политичка пресметка,  подготвен е да понесе одговорност но негира дека некогаш сакал  да навреди  или понижи било кој народ вера или етничка заедница. По три дена молк се огласи  директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците, Далибор Китановиќ  откако на… Продолжи со читање

telma.com.mk

 

Jumbo 2