Му се извинува на премиерот Мицкоски и на министрите што биле вовлечени во политичка пресметка, подготвен е да понесе одговорност но негира дека некогаш сакал да навреди или понижи било кој народ вера или етничка заедница.
По три дена молк се огласи директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците, Далибор Китановиќ откако на социјалните мрежи објави фотографија на која Младиќ е прикажан заедно со личности од српската историја, меѓу кои и Дража Михајловиќ, со натпис „Генерали на небеската војска“. Вели веднаш ја избршал спорната објава
„Јас сум подготвен да ја понесам одговорноста за секој свој збор. Но нема да ја понесам одговорноста за туѓите манипулации со моите зборови. Нема да прифатам моето повлекување на објавата да биде претворено во признание за нешто што не сум го направил. Нема да дозволам мојата човечка пристојност да биде протолкувана како слабост.И нема да дозволам преку мене да се навредуваат ниту мојот народ, ниту мојата партија“, напиша Далибор Китановиќ директор на Агенцијата за остварување на правата на заедниците
Деновиве имаше бурни реакции од политчката и пошироката јавност дека Китановиќ и ДПС, која му даде поддршка, дека го величаат осуден воени злосторник Младиќ но и дека владата ги штити и не реагира соодветно за скандалозната објава. Тој пак тврди дека против него се води хајка и политички линч.
„Нема да се откажам ниту од вистината на сопственото семејство. Дел од моето најблиско семејство во Босна и Херцеговина преживеало воени околности благодарение на регуларните воени единици предводени од генералот Ратко Младиќ“, пишува Далибор Китановиќ директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците
Обајавата на директорот следуваше по смртта на Ратко Младиќ во Хаг каде издржуваше доживотна казна за геноцид и воени злосторства
Елена Ивановска

Владата ќе побара директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците, Далибор Китановиќ, да си замине од функцијата, доколку не го повлече својот став за Ратко Младиќ, откако неговата објава на социјалните мрежи предизвика остри реакции во јавноста. Китановиќ објави фотографија на која Младиќ е прикажан заедно со личности од српската историја, меѓу кои… Продолжи со читање













