Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Убиена 22 годишна девојка а уште пет млади лица се ранети на рејв во Швајцарија

/

Свет

Сподели преку :

Во тек е потрага по напаѓачот кој со истрели од огнено оружје убие 22-годишна девојка и рани уште пет лица во пукање на рејв-забава во Швајцарија.

Девојката починала веднаш на местото на настанот во Арау, соопшти полицијата. Повредени се четворица мажи и една жена, на возраст меѓу 24 и 27 години. Сите се во болница со рани, од кои некои се полесни но некои се и од потежок карактер, соопштија болнички извори.

Рејв забавата се организирала на хиподромот во Арау, околу 46 километри западно од Цирих а првата информација за крвавиот напад дошла во 2 часот и 30 минути по полноќ.

На забавата присуствувале околу 3 500-тини луѓе а полицијата ги повика да достават фотографии и видеоснимки, во обид да им помогне во истрагата.

„Потрагата по непознатиот сторител во моментов е во тек. Во овој момент не можам да дадам никакви информации за огненото оружје или за дополнителни детали, бидејќи истрагата во овој дел сè уште трае.“ – изјави Паскал Венцел, портпарол на полицијата.