Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пет активни пожари горат во Македонија – за 24 часа регистрирани вкупно 31 пожари

/

Македонија

Сподели преку :

Триесет и еден пожар гореле во Македонија во минатото деноноќие, од 28-ми август до утринава во 7 часот и 30 минути.

Пет од овие пожари сè уште се активни, еден е ставен под контрола, а 25 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Во текот на ноќта пожарникарите успеале да изгаснат 25 пожари. Огнови имало во Струмичко, Охридско, Прилепско, Штипско, Тетовско, Гостиварско, Делчевско, Беровско и во други општини. Меѓу изгаснатите пожари имало запалена ниска вегетација, шума, стрништа, отпад и диви депонии, како и пожар во дворно место.

Најтешка е состојбата во регионот меѓу општините Студеничани и Зелениково, каде гори мешана шума од село Моране преку Вртекица и Рамни Габер, со крак кон Палиград и во правец на Преслап.

Активен е и пожарот кај Копаница во Општина Сарај. Огнот се шири кон Радуша и зафаќа ниска вегетација и шума.

Во Општина Чашка гори над селото Нежилово, кај месноста Сватови, каде се зафатени ниска вегетација и поединечни дрвја.

Пожар има и кај селото Копанце во Општина Јегуновце, каде гори мешана шума, како и во атарот на прилепското село Црнилиште, каде огнот зафатил ниска вегетација и шума.

Под контрола е големиот пожар што започнал кај селото Трново во Гостиварско и се проширил кон Битово, Заград и Страјане во Општина Македонски Брод. Таму гореле нискостеблеста шума, пасишта, папрат и ниска вегетација.

ЦУК продолжува да ја следи состојбата и апелира на внимателност поради високата опасност од брзо ширење на пожарите на отворен простор, особено при високи температури и засилен ветер.

 

Jumbo 2