СДСМ во целост ги поддржува барањата на националните телевизии и јавниот сервис кои предупредија за случувањата со законските сомнежи за влегувањето на српската медиумска машинерија и побараа институциите да постапат. Мора да се истражи во целост и да се утврди одговорност! Она што се случува е потврдува на сè она за што СДСМ со месеци ја предупредува македонската јавност, рече на деншната прес-конференција Богданка Кузеска, портпаролка и членка на ИО на СДСМ.
- Според Мицкоски, по рецептот на Вучиќ, спроведува операцијата за медиумски мрак и во Македонија. Српската медиумска машинерија преку Еуроњуз и Ало влегува во земјата. На сомнителен начин и со заобиколување на законите. За ова веќе алармираат и националните телевизии, Македонската медиумска асоцијација кои соопштија дека имаат материјални докази за канали кои подолг период работат без домашна дозвола. Истиот модел сега се подготвува и со Euronews Македонија и влегувањето на Ало групацијата, рече Кузеска.
Тоа е шемата на Организираната криминална група и нивната сестринска СНС. Чекор по чекор се гради инфраструктура за политичко, економско и медиумско влијание на концептот на „српски свет“ на Вучиќ за кој предупреди и Европскиот парламент. Мицкоски не само што ги спроведува copy-paste политиките на Вучиќ тој е извршител на интерсите на неговиот ментор.
Ова е српско-руска агенда за Македонија да остане надвор од ЕУ и да остане тампон-зона за туѓи интереси.Медиуми. Банки. Осигурување. Капитал. Влијание. Се она што СДСМ предупредува се случува пред очите на јавноста. АЛТА банка веќе влезе во македонскиот банкарски сектор.
- Парите од сметките на јавните претпријатија и државата (парите на граѓаните) се префрлаат во Алта банка, со што таа остварува профит за финансирање на медиумите. Граѓаните сами го плаќаат сопственото медиумско труење. Се отвора простор и за АЛТА осигурување. Следува контрола врз информациите што стигнуваат до македонските граѓани и медиумски мрак. Задолжени се Началникот Драган Павловиќ Латас и Ивона Талевска. Кога нема резултати, кога нема пари во Буџетот, нема подобар живот, кога европската перспектива се блокира, потребна е пропаганда и медумска контрола, истакна Кузеска.
Да нема критика. Да нема прашања. Да нема одговорност. Да има само пропаганда. Ги повикуваме слободните медиуми, невладините организации, интелектуалците, заедно да се спротивставиме. Ова е прашање што ги надминува партиските поделби. Ова е прашање за слободата на медиумите и за демократска Македонија. Македонија не смее да стане медиумска, политичка и економска колонија на туѓи центри на моќ.
Рекација од ВЛАДА
„Во врска со наводите изнесени од страна на СДСМ за наводен влез на сомнителен капитал и купување на телевизија, ја информираме јавноста дека Управата за финансиска полиција постапува по предмет и ги испитува сите индиции и информации кои беа изнесени во јавноста, а АВМУ врз основа на постапувањето на институциите ја запре постапката за промена на сопственичката структура на една телевизија и радио. Институциите, во рамки на своите законски надлежности, ги презема потребните дејствија за утврдување на сите релевантни факти и околности“, се вели во реакцијата од Влада.

Од каде апелираат да не се шпекулира и да не се дезинформира јавноста со непроверени и невистинити информации. Надлежните институции постапуваат професионално и согласно закон, со цел заштита на јавниот интерес и интересите на граѓаните.













