Канцеларијата на непалскиот премиер објави дека се спасени 350 луѓе кои биле заробени во тунел во близина на реката Тришули.
Меѓу спасените од тунелот, кој е дел од хидроцентрала, имало работници и локални жители.
Непалската војска и натаму се обидува да извлече уште 100 луѓе кои се наоѓаат во тунелот.












