Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Загинаа 111 лица, 176.000 раселени, оштетени над 36.000 куќи и објекти – ревидиран биланс за земјотресот во Индонезија

/

Свет

Сподели преку :

Бројот на загинати во силниот земјотрес со магнитуда од 7,7 степени што ја погоди индонезиската провинција Источна Нуса Тенгара на 15 август се искачи на 111 лица, додека над 176.000 луѓе и натаму се раселени, соопштија денеска локалните власти.

Раководителот на Центарот за комуникации при Националната агенција за управување со катастрофи (БНПБ), Бертон Панџаитан, изјави дека во привремените засолништа во моментов престојуваат 176.621 лице. Покрај потврдените 111 жртви, во катастрофата се повредени 1.678 лица, а оштетени се повеќе од 36.000 куќи и јавни објекти.

Сеизмолошките служби од првичниот потрес досега регистрираа дури 8.193 последователни земјотреси низ целата провинција. Операциите за спасување и распределбата на хуманитарна помош непречено продолжуваат во сите погодени подрачја, меѓу кои е и познатиот туристички центар Лабуан Баџо.