Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Со дронови и видео надзор ќе се контролираат критични точки за пожари во делчевско

/

Македонија

Сподели преку :

Честа контрола со дронови, на критичните места за пожари ќе се постави видео надзори, како и засилено полициско присуство ќе има во текот на продолжниот викенд во Пијанец. Ова се мерките кои општинскиот-кризен штаб на Делчево ги донесе за да се заштити од огнените стихии за време на претстојните празници Голема Богородицица и Денот на рударите во Малешевско-Пијанечкиот регион.

  • На самиот Кризен штаб беше донесено одлука сите институции кои имат надлежност да вршат легитимација и контрола на терен како Регионалниот центар Исток, ОВР-Делчево, Македонски шуми да бидат поставени пунктови на коишто ќе се следи движењето на граѓаните во шумите-рече Гоцевски.

Во големиот пожар пред неколку дена во атарот на селата Бигла изгореа над 230 хектари борова и дабова шума, а беа загрозени и имоти на граѓаните. Човечки фактори е причината за пожарите во Делчево затоа и како една од мерките е да се постават камери на критичните точки.

  • Дадовме наредба да се изготви елаборат за поставување на видеонадзор на повеќе локации на територијата на Општина Делчево, кои ќе имаат за цел да го следат движењето на нашите сограѓани и да превенираат како од појава на шумски пожари, така појава на диви депонии-вели Гоцевски.

Општина Делчево ќе отвори  донатарска сметка, за да се обезбедат средства за набавка на дополнителна опрема и возила за гасење пожари.

Викторија Јованова

Jumbo 2