Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

СДСМ: Зошто и по шест недели по труењето во Гостивар, извештајот за водата не се објавува?

/

Македонија

Сподели преку :

Шест недели по труењето на цел еден град, со над 5.000 луѓе кои завршија по болници и сè уште нема документ за водата во Гостивар – се вели во денешното соопштение на СДСМ.

Потсетувајќи на изјавата на министерот за здравство, Сашо Клековски дека на 20 август ќе биде објавен епидемиолошки извештај, партијата прашува каде е целосниот извештај и зошто не се објавува целата анализа.

Според СДСМ, во текот на кризата граѓаните добивале „различни и противречни информации“.

-Прво водата беше прогласена небезбедна за пиење. Потоа беше прогласена дека може да се корсти само за техничка употреба.  Тошковски спроведуваше хиперхлорирање. Потоа кажаа дека има бактерии во водата. Тотален хаос. Па Мицкоски и Клековски заминаа на екскурзија – велат од СДСМ.

-Пред да им заврши екскурзијата функционери пиеја вода пред камери со срамни здравици и рекоа дека може да се пие водата.  Но, не се објавија целосните резултати од анализите на водата – додаваат оттаму.

СДСМ прашува „кој со име, презиме и потпис гарантира дека водата е безбедна“ и порачува дека „Мицкоски и Клековски имаат обврска кон граѓаните на Гостивар да ја објават целата вистина“.

 

 

Jumbo 2