Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(фото+видео)„Тука е како во пеколот“ сведочат пожарникарите за Телма – пожарот во Градско е подметнат, вели градоначалникот Нацков

/

Македонија

Сподели преку :

Градско и Китка се двете критични точки каде пожарникарите и тимовите на ДЗС се обидуваат да ги стават под контрола пламените јазици кои се закануваат да збришат огромна површина квалитетна шума но и полу напуштени села.

Утрово пожар избувна меѓу селата Горно и Долно Чичево, во Општина Градско. Почна со стрниште но набрзо, поради сувата висока трева и ветрот, се разгоре. За само петнаесетина минути и зафати огромна површина а на помош пристигнаа пожарникари од Велес, Кавадарци и Неготино и полицискиот хеликоптер.

Успеаја на кратко да го стават под контрола, но поради ограничените количини на вода мораше да се симнат за да дополнат.

„Искрено? Искрено како во пекол. Тука има една кризна точка сега, само се запалила, веројатно не е убаво угасната, тука ни е критично, мора да го догаснеме и горе бега огинот веќе, хеликоптерите дејствуваат, да се надеваме на најдобро сценарио. Апел до владата да вложи повеќе напор за опрема, за повеќе луѓе и така натаму. Ќе продолжиме да си ја работиме нашата работа,“ рече пред камерата на Телма пожарникар, ТТПЕ Неготино.

Двете села беа под закана да бидат збришани па директорот на ДЗС мораше  да ги повлече „ер тракторите“ кои гасеа на Китка и повика четири тима со „пинцгауери“.

Тие пристигнаа нешто по 15 часот и успеаја да ја задржат линијата и да не дозволат огнот повторно да се спушти  кон селата.

Додека тимовите на ДЗС со специјалните возила интервенираа на линијата на огнот, три трактори правеа линии во обид да го запрат ширењето на пожарот.

  • „Овде не чека тешка битка, најверојатно повеќедневна бидејќи огнот побегна зад ридот и горе се гледа огнената линија како оди во лево. Прво што направив е да прашам колку е далеку наредното село, тоа е на некои 4-5 километри позади. Овде се упатени четири огнени тимови на Дирекцијата со Пинцгауери и дополнителни локални сили од соседните општини, за што сум и посебно благодарен на професионалните пожарникари“, изјави за Телма Стојанче Ангелов, директор на ДЗС.

Најголем проблем во локализирањето на пожарот е фактот што станува збор за огромно пространство со сува и висока трева, и близината на планината Клепа каде има густа шума.

Киро Нацков, градоначалник на Градско, тврди дека пожарот е подметнат.

  • Се работи за подметнат пожар, ние се наоѓаме некаде помеѓу двете села Горно и Долно Чичево. Овие пламени јазици коишто сега ги гледаме се движат накај Подлес. Се работи за широк распон затоа и тешко се делува на терен, мислам дека имаме распон од околу 10 километри отприлика во овој момент. Следното населено место е Подлес, во зависност од тоа како ќе се движи самиот оган, односно како ќе се движи ветрот и каде ќе го насочува, тоа е следното село…“, рече Киро Нацков, градоначалник на Општина Градско.

Во меѓувреме продолжува гаснењето на пожарот на планината Китка каде скопските пожарникари заседно со тимовите на ДЗС и „Македонски шуми“ веќе две недели се борат со пламените јазици но и со пироманите кои во два наврати подметнаа нови пожари во подножјето на планината.

Огнен Чанчаревиќ

Б.С.

(Живо) Борба против пожарот во Градско кој ги загрозуваше селата Горно и Долно Чичево

Борбата против големиот пожар кој се прошири утринава во општина Градско продолжува. Пожарникарите и тимови од ДЗС успеаја да ја стават огнената стихија под контрола, иако нивните напори ги отежнуваат временските услови, пред се ветерот, чија промена на правец и силина  на движење ја отежнува работата на спасувачите, како и фактот дека во најголем дел… Продолжи со читање

telma.com.mk

Jumbo 2