Борбата против големиот пожар кој се прошири утринава во општина Градско продолжува. Пожарникарите и тимови од ДЗС успеаја да ја стават огнената стихија под контрола, иако нивните напори ги отежнуваат временските услови, пред се ветерот, чија промена на правец и силина на движење ја отежнува работата на спасувачите, како и фактот дека во најголем дел е запалена сува и висока трева која брзо гори.
Пожарот избувнал меѓу 9 и 10 часот утринава, во просторот меѓу двете села, Долно и Горно Чичево.
На местото на настанот бргу пристигнале пожарникари од Велес, Кавадарци и Неготино, кои успеале да го спречат огнот да ги зафати двете села. Веднаш биле повикани и трите ертрактори, кои претходно гаселе на Китка, а до 13.30 часот активиран бил и полициски хеликоптер, без чија интервенција немаше да се спречи ширењето на огнената стихија.
Инаку, најголем дел од куќите во двете села не се населени, сепак во нив има и 10-тина куќи кои се постојано населени.
Според градоначалникот на општина Градско, Киро Нацков, станува збор за подметнат пожар.
Инаку станува за збор за оган кој се ширел на територија од околу 10-тина километри.
Новинарскиот тим на Телма, репортерот Огнен Чанчаревиќ и снимателот Александар Шејкероски од утринските часови ја следат борбата на пожарникарите против пожарот во Градско.













