Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Егзекутор му пријде зад грб на израелски мафијаш и му пукаше во глава

/

Свет

Сподели преку :

Четириесетгодишниот годишниот Јанис Јушваев, кој важеше за еден од најопасните криминалци во Израел, е ликвидиран во неделата при излез од бензинска пумпа во близина на Цезареја. Јушваев, кој беше оженет и татко на три деца, е убиен во период во кој земјата се соочува со растечки проблем на организираниот криминал, а неговата ликвидација е снимена од надзорните камери на бензинската, пренесува „Телеграф“.

На снимката се гледа како егзекуторот се качува во скали пред вратата додека двајца мажи излегуваат од внатре. Откако двајцата минува, излегува и Јушваев е почнува да се симнува по скалите. Во еден моменти убиецот му приоѓа од зад грб и му пука во тилот по што Јушваев паѓа на земја, а напаѓачот пеш го напушти местото.

Јушваев важеше за лидер на криминална организација поврзана со Евреите од Кавказ. Со години ги избегнуваше судските пресуди, бидејќи полицијата не успеваше да обезбеди доволно докази кои би го поврзале со пукања, бомбашки напади и палење на автомобили.

Загриженоста во израелското општество е сè поголема од можноста ваквите пресметки да се пренесат на јавни места. Последните недели подружниците на популарниот синџир на суши ресторани „Јапаника“ беа мета на бомбашки напади, пукања и обиди за подметнување на пожари. Полицијата ги поврзува тие инциденти со ескалацијата на судирот меѓу криминалните семејства Мосли и Јаруши.

Во само неколку денови се забележани 13 напади, вклучително и пукање во ресторан во Херзелија и сомнеж за подметната бомба која предизвика пожар во подружница во Нетанија. Тие напади беа причина и за амбасадата на САД во Израел да издаде безбедносно предупредување за американските државјани, што опфаќаше и закани од организиран криминал во Тел Авив, Јафа и Херзелија.