Украина денеска одбележува 35 години независност. По повод националниот празник, украинскиот претседател Володимир Зеленски порача дека неговата земја е подготвена за завршување на војната, но оти нема да ги прифати непроменетите услови на Москва.
„Нема да им дозволиме да преземат иницијатива и да ја измамат Европа и целиот свет, уверувајќи ги дека Украина само треба да се откаже од Донбас и дека наскоро ќе биде сè готово. Немаме илузии, не им веруваме“, рече Зеленски во дел од 20-минутната видео порака на Фејсбук.
Тој нагласи дека Украина не подарува она што е нејзино. Во директното обраќање до Владимир Путин, рече :„Сакаше да ја заземеш целата наша Украина, целата наша земја, наместо тоа ги загуби своите нафтени рафинерии, својата флота, својата заработувачка, цела генерација која ја испрати во кланица“.
Зеленски ја истакна клучната улога на украинската одбранбена индустрија во зачувување на независноста на земјата и изрази надеж дека ракетите „Фламинго“ ќе имаат важна улога во текот на зимата.
„Илјадници наши напади длабоко на руска територија веќе се забележани во Москва, Тула, Рјазањ. Омск и десетици други места до кои веќе стигна нашата украинска правда. Русија мора да види уште од таа правда. Фламингоси не треба да бидат редок вид, туку прици кои доаѓаат во јато. Мора „да презимат“ во Русија“, наведе тој.












