Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бесент: САД влегуваат во завршна фаза во војната со Иран

/

Свет

Сподели преку :

Соединетите Американски Држави влегуваат во завршната фаза од војната со Иран, изјави министерот за финансии Скот Бесент додека се подготвува да ги објави, како што ги нарече, најстрогите санкции во историјата против Техеран.

„В зори почнува економскиот Д-ден, најголемата поединечна финансиска офанзива воспоставена против некој противник“, напиша Бесент на Икс.

Предвидено е денеска да ги презентира новите мерки на прес-конференција.

Бесент изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп ги демонтира воените капацитети на Иран, уништувајќи речиси 100 проценти од неговите воени фабрики и ја „закопа неговата нуклеарна програма“.

„Сега влегуваме во завршната фаза“, рече тој.

Трамп во средата најави економски Д-ден за Иран и им се закани на поддржувачите на Техеран со драстични мерки.

Фото: youtube/printscreen