Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Иран: САД не го разбираат јазикот на дипломатијата, ниту ќе ги укинат санкциите, ниту ќе ги ослободат нашите средства, ниту ќе запрат со „поморската пиратерија“

/

Свет

Сподели преку :

Соединетите Американски Држави покажаа дека не го разбираат јазикот на дипломатијата, напиша претседателот на Одборот за национална безбедност и надворешна политика во парламентот на Иран, Ебрахим Азизи на Икс.

Тој додаде дека САД ниту ќе ги укинат санкциите, ниту ќе ги ослободат иранските средства, ниту, пак, ќе запрат со „поморската пиратерија“.

Азизи заклучи дека „историјата ќе покаже оти јазикот на силата ќе ги принуди САД не само да преземат такви чекори, туку и да се извинат на големиот ирански народ и засекогаш да го напуштат регионот“.