Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Македонските дипломати во Скопје ги прецизираат идните задачи на дипломатската мрежа

/

Македонија

Сподели преку :

Во Собранието денеска ќе се одржи работна сесија на Советот на амбасадори. Сесијата, како што е најавено, ќе ја отвори претседателот на Собранието, Африм Гаши.

Работната сесија на Советот на амбасадори треба да почне во 10 часот.

Собирот на Советот на амбасадори почна вчера, а се одржува првпат по 2019 година.

Како што најави шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски, целта на состанокот на македоските дипломати е да се прецизираат идните задачи на дипломатската мрежа.

„Заштита на македонските национални интереси, потенцијалот на дипломатско-конзуларни претставништва во делот на економската дипломатија и заштита на граѓаните што живеат надвор од границите на нашата држава, се трите стратешки национални интереси, за кои се дебатира на Советот на амбасадори“, информира Муцунски.

Целта е амбасадорите и генералните конзули изворно да слушнат кои се приоритетите за следната година и да добијат насоки за постапување по однос на нашите клучни стратешки национални интереси.

Jumbo 2