Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Дејствувате против САД, ако не ја поддржите економската војна против Иран – Бесент со порака со сојузниците

/

Свет

Сподели преку :

Министерот за финансии на САД, Скот Бесент ги предупреди сојузниците дека ќе дејствуваат против интересите на Вашингтон ако не ја поддржат економската војна против Иран. Toj истакна дека економскиот притисок што го вршат САД врз Иран има за цел соборување на режимот во Техеран.

„Ќе го собориме тој режим. Тоа ќе биде најголемата координирана операција за економска изолација во историјата на светот“, рече американскиот секретар за финансии во интервју за „Си-Ен-Ен“.

Министерот додаде дека економските санкции против Иран ќе ја намалат веројатноста за продолжување на големи воени операции против Исламската Република.

„Ако извршиме максимален економски притисок, тоа значи дека веројатно ќе се избегнат големи воени операции, но би сакал да нагласам дека ова се привремени проценки што важат засега“, рече Бесент.

Американскиот министер за финансии ја повика Кина да се „помири“ со оваа ситуација ако сака повторно да се отвори Ормускиот Теснец и да се намалат цените на енергијата, истакнувајќи дека 50% од енергијата што ја користи Пекинг доаѓа од Блискиот Исток.