Оружените сили на Летонија објавија дека дронот што беше соборен на територија на балтичката држава на 14 август бил од украинско потекло. Тоа е најновиот во низата такви инциденти додека во текот на војната меѓу Русија и Украина.
Италијански борбен авион, стациониран на Балтикот, го собори дронот набрзо по неговото влегување во воздушниот простор на Летонија, членка на ЕУ и на НАТО, објави Алијансата.
Украински дронови кои гаѓаат цели во Русија неколку пати оваа година заталкуваат во воздушниот простор на Балтичкиот регион. Летонските Оружени сили објавија и дека дронот во Летонија влегол од Белорусија, најверојатно поради руското електронско попречување, но одбија да изнесат други детали за беспилотното летало.












