Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ЕУ: Украина сама одлучува кога ќе одржи избори

/

Свет

Сподели преку :

Украина треба сама да одлучи кога ќе одржи избори, а таа одлука треба да биде во согласност со нејзиниот Устав, закони и демократски вредности, порача портпаролката на Европската комисија, Анита Хипер, пренесува „Киев пост“.

Таа нагласи дека Европската Унија е подготвена да ја поддржи Украина низ целиот процес, во случај Киев да донесе одлука за организирање и спроведување на избори.

Најновите изјави од Брисел доаѓаат во време на нови дебати во Украина за можноста за одржување на избори додека трае војната. Поранешниот украински министер за одрбана, Михаил Федоров повика на воспоставување на законски, сигурен и реален механизам кој би овозможил избори во Украина.