Португалија доби закон со кој се забранува покривање на лицето на јавни места, а се негово непочитување се предвидени казни од 150 до 3.000 евра. „Законот за бурки“, како што го нарекуваат локалните медиуми, забранува носење на гардероба која го покрива лицето или оневозможува идентификација, пишува „Еуроњуз“.
Законот, исто така, забранува присилување на други да го прекриваат лицето врз основа на пол, вера, возраст или потекло.
„Лицата мора се се сметаат за централен елемент на човечкиот идсентитет и комуникација“, изјави португалскиот претседател, Антонио Хозе Сегуро кој призна дека станува збор за „голема општествена и културна чувствителност“.
Исклучок од забраната за покривање на лицето се случаи од здравствена, професионална, уметничка и временска природа. Забраната не се однесува ниту на верски објекти, дипломатски претставништва и авиони.
Законот беше изгласан во парламентот во јули со поддршка на владеачката десничарска коалиција и партиите на крајната десница, додека левичарските партии гласаа против. Предлог законот доби негативно мислење од Адвокатската комора на Португалија, Високиот совет на државното обвинителство и португалското здружение на праници. Експертите притоа изразија загриженост дека законот би можел да биде противуставен.












