Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(видео) „Стапици“ на Коридорот 10 – странските возачи нервозни што мора да плаќаат казни на граница

/

Македонија

Сподели преку :

Големи километарски редици беа забележани вчера на граничниот премин Табановце на излезот од Северна Македонија кон Србија.

Причината за новиот бран сообраќајни метежи не се само вообичаените летни смени на туристите, туку и ригорозната примена на модерниот систем за паметни камери „Безбеден град“, кој почна да ги санкционира возачите со странски регистарски таблички, објави Блиц.рс.

На социјалните медиуми објавуваат видео на кои се гледа гужвата и камерите на Сејфсити ги нарекуваат „стапици“ на Коридорот 10.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @017_dn

За возачите кои ќе ја пречекорат дозволената брзина на автопатот низ Северна Македонија се пропишани следните казни:

  • Надминување на дозволената брзина до 30 км/ч: 20 евра
  • Надминување на дозволената брзина за 30 до 50 км/ч: 50 евра
  • Надминување на дозволената брзина за 50 до 70 км/ч: 300 евра, со забрана за управување со возило од 3 до 12 месеци.

Наплатата на казни за сторен сообраќаен прекршок на територијата на Македонија што е регистриран преку системот „Безбеден град“ од вчера се применува и за странските возачи. На граничниот премин „Табановце“ се создаваат редици од автомобили за излез од државата кои се соочуваат со плаќање на глоба.

  • „На граничниот премин „Табановце“ при излез од државата се појавуваат возила кај кои системот има претходно евидентирано сообраќајни прекршоци. На возачите им се соопштува дека е евидентиран прекршок и им се издава Записник за сторен сообраќаен прекршок со прекршочен платен налог, со можност казната да ја подмират согласно законската постапка. Поголемиот број возила кои денес се појавуваат на граничниот премин се должи на тоа што станува збор за прв ден од примената на овој механизам, при што се опфаќаат и претходно евидентираните прекршоци“, соопшти министерството за внатрешни работи.

„Бришеле“ по македонските патишта, ги стигнаа казни на ГП „Табановце“ – почна примената на „Безбеден град“ и за странските возила

Наплатата на казни за сторен сообраќаен прекршок на територијата на Македонија што е регистриран преку системот „Безбеден град“ од денеска се применува и за странските возачи. На граничниот премин „Табановце“ се создаваат редици од автомобили за излез од државата кои се соочуваат со плаќање на глоба. „На граничниот премин „Табановце“ при излез од државата се… Продолжи со читање

telma.com.mk

Jumbo 2