Наплатата на казни за сторен сообраќаен прекршок на територијата на Македонија што е регистриран преку системот „Безбеден град“ од денеска се применува и за странските возачи. На граничниот премин „Табановце“ се создаваат редици од автомобили за излез од државата кои се соочуваат со плаќање на глоба.
„На граничниот премин „Табановце“ при излез од државата се појавуваат возила кај кои системот има претходно евидентирано сообраќајни прекршоци. На возачите им се соопштува дека е евидентиран прекршок и им се издава Записник за сторен сообраќаен прекршок со прекршочен платен налог, со можност казната да ја подмират согласно законската постапка. Поголемиот број возила кои денес се појавуваат на граничниот премин се должи на тоа што станува збор за прв ден од примената на овој механизам, при што се опфаќаат и претходно евидентираните прекршоци“, соопшти министерството за внатрешни работи.
Од МВР со порака дека со системот се обезбедува еднаков и неселективен пристап во санкционирањето на соображајните прекршоци, без оглед дали станува збор за домашни или странски возачи.
С.Д.













