Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Над 100 загинати при уривање на рудник за злато во Централноафриканската република

/

Свет

Сподели преку :

Повеќе од 100 лица загинаа при уривање на импровизиран рудник за рачен ископ на злато, во близина на границата со Камерун, соопштија локалните власти во Централноафриканската Република (ЦАР).

Волонтерка на Црвениот крст ,која учествувала во спасувачката акција, од под урнатините веќе се извлечени повеќе од 100 тела, а дел од преживеаните се наоѓаат во критична здравствена состојба.

Член на локален младински совет предупреди дека бројката на жртви може дополнително да порасне, бидејќи сè уште има неутврден број исчезнати лица заглавени под земја.

Обвинителството во градот Боар, кој се наоѓа во западниот дел на ЦАР, потврди дека во несреќата има загинати, повредени и исчезнати, но сè уште не соопштува официјални и конечни бројки.

Нелегалното рударство претставува еден од главните извори на егзистенција во многу делови од Африка, но недостатокот на законска регулатива и ниските безбедносни стандарди често доведуваат до вакви трагични несреќи.