Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Десетици пожари и во Србија, едно лице загина – ветрот го отежнува гаснењето

/

Свет

Сподели преку :

Пожарникарите во Србија се борат со десетици пожари што беснеат веќе неколку дена во кои едно лице загина, а повеќе се повредени. Дополнително, метеоролозите најавуваат од денеска нов топлотен бран проследен со ветер.

Ветрот значително им ја отежнува работата на пожарникарите и локалните служби на најкритичните точки во специјалниот природен резерват Делиблатско Песочиште, а во текот на ноќта повторно го разгоре пожарот и на Столови кај Кралево, каде што има повеќе активни жаришта.

Во дел од територијата на Oпштина Кладово е прогласена вонредна состојба, бидејќи пожарите загрозуваат неколку села на површина од речиси 13 квадратни километри.

Поради новиот топлотен бран, проследен со јужен и југозападен ветер, метеоролошките услови за гаснење на пожарите значително ќе се влошат, предупреди денеска Републичкиот хидрометеоролошки завод на Србија (РХМЗ).

Од РХМЗ предупредуваат дека следува период со изразен недостиг од врнежи, што дополнително ќе придонесе за сушење на вегетацијата и зголемување на опасноста од брзо ширење на пожарите на отворено.