Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Вработен во банка во Гевгелија присвоил речиси 150.000 евра од сметки на двајца корисници

/

Македонија

Сподели преку :

ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против вработен во банка во Гевгелија, кој од сметки на двајца корисници присвоил околу 5 милиони денари и над 63 илјади евра – соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

-ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против К.К.(52) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“, се наведува во денешното соопштение од МВР.

Министерството информира и дека во периодот од 07.11.2025 до 03.03.2026 пријавениот, како стручен соработник во експозитура на банка во Гевгелија, во 13 наврати присвоил 4.920.000 денари и 63.350 евра кои му биле доверени во службата, на тој начин што без налог од корисниците, пристапувал до денарска платежна сметка на двајца корисници, при што причинил материјална штета на банката.

Jumbo 2