Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трамп ги одложи новите царини за Канада, велејќи дека двете земји се блиску до договор

/

Свет

Сподели преку :

Американскиот претседател, Доналд Трамп, најави дека ќе го одложи воведувањето на новите царини за широк спектар канадски стоки за три дена, додека двете земји работат на финализирање на меѓусебниот трговски договор.

„Ги одложив царините од 50 отсто за Канада, кои требаше да стапат во сила утре наутро, за период од три дена, врз основа на тоа што Канада и САД, по финализирањето на документите, имаат ДОГОВОР!“ напиша Трамп во објавата на социјалните мрежи.

Реакцијата на Трамп доаѓа помалку од два часа пред да стапи во сила царината од 50 отсто за канадскиот увоз во вредност од речиси 20 милијарди долари.

Двете страни не можат да постигнат договор околу неколку спорни прашања, меѓу кои и американските царини за автомобили, како и одлуките на голем број канадски провинции со кои се забранува продажбата на американски алкохолни пијалаци.

Трамп и канадскиот премиер, Марк Карни, разговарале два пати оваа недела, додека трговските преговарачи водат интензивни разговори од јули, откако американскиот претседател се закани дека ќе ја воведе новата царина со рок до 19 август.

„Постигнат е значителен напредок, иако останува уште важна работа што треба да се заврши“, напиша Карни во објавата на X (поранешен твитер).

Во својата објава Трамп исто така рече дека конечниот трговски договор би можел да овозможи повторно активирање на проектот за нафтоводот Keystone XL.

Нафтоводот, кој би ја поврзувал канадската провинција Алберта со САД, беше блокиран од администрациите на Барак Обама и Џо Бајден.

Еколошките организации и домородните заедници долго време се противат на нафтоводот, но Трамп повеќепати изјавил дека би сакал проектот да биде обновен. Нафтоводот би требало да транспортира околу 830.000 барели нафта дневно.