Украдени податоци на 1,2 милиони луѓе и 200.000 компании во голем кибер напад во Летонија, објавија денеска властите во Рига. Податоци како имиња, детали за плаќање, регистарски таблички на возила и адреси наводно биле украдени во напад извршен минатата недела. Сè уште е нејасно кој стои зад инцидентот.
Премиерот Андрис Кулбергс не исклучува можност дека нападот е извршен од друга земја. Тој нареди истрага за инцидентот и ја критикуваше администрацијата што го информирала за кражбата на податоци со задоцнување.
„Морам да кажам дека сум непријатно изненаден од прилично детското однесување на службата за ИТ безбедност што постои во некои регулаторни тела и владини институции“, рече премиерот.
Тој спомена претходен хакерски напад врз Државната управа за шумарство во јуни. Двата „сериозни сајбер инцидента“ што се случија во краток период беа јасен сигнал дека се потребни дополнителни безбедносни мерки, рече тој.
„Ова сега е буквално прашање за национална безбедност“, рече Кулбергс.












