Трет смртен случај од западно-нилска треска. 61 годишен пациент од Скопје со коморбидитети почина викендов на Универзитетската клиника за инфективни заболувања.
- Со лабораториски потврдена невроинвазивна форма на болеста Западен Нил вирусна инфекција и со тешка клиничка слика. Се работи за пациенти кој има доста придружни, сериозни заболувања кои нормално литературно и научно се ризик фактор за ваков тежок исход на болеста- Фадил Цана, директор на Универзитетска клиника за инфективни заболувања.
Во моментов на Инфективната клиника се хоспитализиранио 16 потврдени пациенти и 3 суспектни.
На Одделот за интензивна нега се хоспитализирани 6 пациенти со тешка клиничка слика, сите над 60 години со коморбидитети.
Важно е да се спомене дека се поместува и возрасната граница на заболени со вирусот Западен Нил.
- Но кај инфицирани пациенти со невроинвазивна форма најмладиот пациент е 25 годишен. Хоспитализиран, но во стабилна состојба состојба и во одделот за невроинфекции, рече Цана.

Врз основа на епидемиолошката состојба треба да се подигне и нивото на комуникација и дејствување на надлежните институции меѓу кои се Институтот за јавно здравје, Центарот за јавно здравје Скопје, Комисијата за заразни болести и Агенцијата за храна и ветеринарство и секако општините кои се засегнати, рече министерот Клековски.
- Дијагностички се подигнати капацитетите максимално. Ако минатите години се правеле по 40 анализи годишно, ние сме веќе на ритамот од 4 до 8 анализи дневно. Да потсетам дека треба два независни теста за конечна потврда на дијагнозата. И веќе се информирани поодамна сите доктори кои можат да дојдат во контакт со евентуално заболени пациенти да информираат. Веќе се информирани сите инфективни одделенија, матичните, семејните лекари, Клиниката за неврологија и невролозите генерално – Сашо Клековски, министер за здравство.
Фокус ќе биде ставен на прскање од земја и сите препарати се проверени и препорачани од СЗО.
Во однос на мапирањето на пациентите и векторите на пренос се дадени насоки на сите надлежни институции.
Сите општини ќе добијат СМС пораки со насоки за постапување.
Државниот здравствен и санитарен инспекторат направи вонредна контрола на спроведување на елаборатите за прскање, со што е востановено дека има и општина во која не се прскало ниту еднаш – Студеничани. Воедно граѓаните да пријават до Агенцијата за храна и ветеринарство доколку забележат мртви птици и угината живина кои се преносители на болеста.
Нина Стефанова
Б.С.













