Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Грчките пожарникари во борба со огнот за целосно гаснење на пожарот на Халкидики

/

Свет

Сподели преку :

Повеќе од 200 пожарникари се обидуваат целосно да го изгаснат големиот пожар на грчкиот полуостров Халкидики, главна туристичка дестинација, откако беа принудени на евакуации по копно и море како локалното население така и туристите, а беа оштетени неколку домовите.

Како што објавува Катимерини.гр за денеска се прогнозира силен ветар, а властите за цивилна заштита ги ставија Атика и регионот на Голема Атина, како и Виотија, Евија, Коринтја и Арголида, на максимален ризик од пожар од категорија 5 на скалата од 5 степени во земјата.

Голем дел од остатокот од земјата, вклучувајќи многу егејски острови, е на категорија 4.

На Халкидики, властите соопштија дека силите гасат расфрлани точки што сè уште горат и спречуваат нови разгорувања од пожарот што избувна во четврток попладне.

Најмалку 220 пожарникари, потпомогнати од волонтери, опремени со тешка механизација се обудуваа да создадат противпожарни зони.

Заменик-портпаролот на противпожарната служба, Јанис Артопиос, рече дека се проценува дека се изгорени околу 350 хектари.

„Копнените сили се бореа во текот на целата ноќ“, изјави Артопиос за државниот радиодифузер ЕРТ. „Во моментов се справуваме со мали расфрлани пожари, но нашите сили остануваат во готовност.“

Пожарот избувна во грмушки и брзо се прошири на борова шума. Истражителите се сомневаат дека можеби е предизвикан од искри од надземните кабли на електричната мрежа кои можеби се скратиле откако дрво паднало врз нив.

На жителите и посетителите им биле испратени предупредувања на нивните телефони за евакуација на селата Сивири и Фурка, што се покажа како тешко бидејќи областа има само еден главен пат за бегство по пат. Неколку стотици луѓе беа безбедно евакуирани по море.

Пријавени се неколку куќи изгорени во селото Нафтилос.

Масовните летни пожари низ Грција убија пет лица во последните недели и уништија илјадници хектари од брзо исчезнувачките шуми во земјата.

Калајџиев за Телма: Траектот со кој патуваме се вклучи во евакуација на загрозените од Сивири

Пожарот се уште беснее во туристичкото место Сивири на Халкидики –  трае и евакуацијата на жителите и туристите со помош на крајбрежната стража. Професорот Гордан Калајџиев кој е на трaeкт кој тргнал од Скијатос за Солун за Телма вели дека  повеќе од еден час стојат во едно место бидејќи на бродот каде што е тој… Продолжи со читање

telma.com.mk