Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Романија подигна Ф-16 за да пресретне воздушни цели кои навлегле од Украина

/

Свет

Сподели преку :

Романија ноќеска испрати два борбени авиона Ф-16 откако радарските системи откриле пет воздушни цели во близина на границата со Украина.

Според романското Министерство за национална одбрана, една од целите накратко навлегла во романскиот воздушен простор.

Целите биле забележани околу 1:27 часот во областа на Измаил, над украинска територија, во близина на границата со Романија.

Романските Ф-16 биле испратени за следење на ситуацијата, додека копнените радари регистрирале дека една цел навлегла околу два километри во романскиот воздушен простор, каде што останала околу 10 минути.

Целта потоа го напуштила романскиот воздушен простор и се упатила назад кон Украина.

Романското Министерство соопшти дека кратко потоа биле регистрирани експлозии над украинска територија.

Инцидентот се случува во услови на засилени руски напади врз украинските цели во близина на романската граница.