Состојбата со пожарите на отворен простор денеска значително се влоши, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.
Попладнево биле регистрирани најмалку 21 пожар, од кои поголем дел сè уште се активни.
Меѓу потешките пожари се оние кај Македонски Брод, Студеничани, Зелениково и Кичево, како и во Полошкиот Регион. Ангелов посочи дека дел од пожарите се тешки за гасење поради непристапниот терен, а на некои локации се користат „ер трактори“, пожарникари и тимови на ДЗС.
Ангелов предупреди дека високите температури и ниската влажност создаваат идеални услови за ширење на огнот.
Тој апелираше до граѓаните да бидат исклучително внимателни, додавајќи дека се детектирани и случаи на намерно предизвикување пожари.

Противпожарните екипи на Град Скопје ќе останат на терен во текот на целата ноќ во селото Габер, кое беше зафатено од пожарот што се прошири од село Моране. Целта е да се заштити селото и околните населени места, како и континуирано да се следи состојбата. Поради тешкиот и непристапен терен, во гаснењето од воздух денеска… Продолжи со читање













