Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Од каде почнаа да се шират дезинформациите за загадена вода во Скопје истражуваат АНБ и МВР

/

Македонија

Сподели преку :

АНБ и МВР-секторот за компјутерски криминал истражуваат каде почнаа да се шират дезинформациите за загадена вода во Скопје

Извори од македонските безбедносни служби за Телма потврдија дека се истражува како и каде почнале да се шират дезинформациите за загадена вода во скопскиот водовод.

На интернет се бара првиот почетен извор на дезинформацијата. Проверки се вршат и во повеќе здравствени институции чии вработени медицински лица биле спомнувани во шпекулациите како извори на информацијата за загадена вода. Истрагата ја спроведуваат припадници на АНБ и на Секторот за конпјутерски криминал  во МВР.

Повеќе анализи на водата од скопскиот водовод покажаа дека водата е употреблива и не е штетна или загадена.

Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на прес конференција изјави дека „станува збор за организирана акција за ширење на хистерија што е рамно на терористички напад“.  Сите профили на социјални мрежи кои ги ширеле дезинформациите ќе бидат предадени на истрагата, најавија од град Скопје.

Миомир Серафиновиќ

Jumbo 2