Телото на 71-годишниот М.М. од Скопје е пронајдено и извлечено од водите на Преспанското Езеро, кај туристичката населба Претор.
Телото на мажот по кого се трагаше од 8 август беше извлечено од специјализирана нуркачка екипа од САЕ „Тигар“ вчера околу 13:15 часот. Паотргата по него беше активирана во саботата околу 12 часот кога беше пријавено дека М.М. скокнал од чамец во езерото кај селото Сливница, Ресенско, откако во водата му паднале веслата.
Увид на местото извршила екипа од СВР Битола – ОВР Ресен.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција и е пренесено во Клиничката болница во Битола.













