Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Најмалку 80 загинати во земјотресот во Колумбија, се вадат тела заробени под урнатините

/

Свет

Сподели преку :

Најмалку 80 лица загинаа во силниот земјотрес што го погоди северозападниот дел на Колумбија, соопштија денеска локалните власти, додека на состанокот на Заедничкиот кризен штаб во Богота беше прогласена национална катастрофа.

Најголем број пријавени смртни случаи е во западната покраина Рисаралда во регионот за одгледување кафе во Колумбија, каде што гувернерот Хуан Диего Патино пријави 42 смртни случаи, објави „Ројтерс“.


Во главниот град на покраината Переира, сликите од социјалните медиуми покажаа зграда со напукната фасада како се урива на земја, испраќајќи темен облак од прашина и остатоци додека луѓето трчаа по улиците.

 

Ударот, исто така, ја урна една од кулите на врвот на катедралата во готски стил во Манизалес, а градоначалникот Хорхе Едуардо Рохас рече дека има загинати.

Луѓе се заробени во урнатините во Кали, еден од најголемите градови во Колумбија, откако се урнаа повеќе од дваесетина згради. Градот побарал од властите во Богота и Меделин да испратат тимови за да ги поддржат спасувачките напори.