Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Петмина тинејџери меѓу 14 и 17 години осомничени за брутално убиство на маж во Пловдив – го намамиле преку апликација за запознавање

/

Свет

Сподели преку :

Судот во Пловдив го продолжи притворот на петте тинејџери  кои се осомничени за брутално убиство на маж.  Според судијата, постојат доволно докази што укажуваат дека тие го сториле делото и дека дејствувале со намера, а жртвата, Георги Кузев, не направил ништо за да ги испровоцира.

„Тоа не беше само тепање, туку и брутален напад врз жртвата“, рече судијата.

Тинејџери кои се осомничени дека до смрт го тепале човекот, се  три се момчиња и две девојчиња и се на возраст меѓу 14 и 17 години. Групата броела 10 деца, но во притвор се оние кои биле најбрутални и најактивни во претепувањето.

Полицијата се сомнева дека групата ја намамила жртвата на локација на Младинскиот рид во градот –  тие договориле средба со младиот човек преку апликација за запознавање.

Седумнаесетгодишно девојче се претставило како 15-годишно на Фејсбук, и стапила во контакт со жртвата – 37-годишен маж. Нејзината група пријатели одлучила да ги преземе работите во свои раце против човекот кого го обвиниле за педофилија.

Нападот, бил исклучително брутален. Тинејџерите наводно му ги избричиле веѓите, плукале врз него, гаснеле цигари на неговата  кожа, му ставиле пластична кеса преку главата и вербално го навредувале.

Сведоштвата покажуваат дека фотографии и видеа од претепаниот маж биле објавени на социјалните мрежи. На крај, го ограбиле, земајќи му ги 30-те евра, кои ги искористиле за да купат донер ќебапи.

Се верува дека едно од момчињата играло водечка улога во нападот. За време на рочиште за притвор, беше кажано дека тој ја задавил жртвата.

Групата го напуштила местото додека мажот бил сè уште жив, иако во беспомошна состојба. Полицајците пронашле видливи знаци на тешко насилство и, според информациите што ги објавија медиумите можел накратко да разговара со полицијата пред да биде однесен во болница. Подоцна починал од тешки повреди на главата.