Лишен од слобода е 41 годишен скопјанец кој возел пијан и без возачка дозвола. Тој бил запрен на локалниот пат Илинден – Марино при што му биле измерени 2,13 промили алкохол во крвта.
Возилото „опел“ му е одземено а известен е и јавен обвинител. За настанот од МВР известија дека се случил на полноќ и дека против скопјанецот ќе бидат поднесени кривични пријави по член 297-а од Кривичниот законик за загрозување на безбедноста во сообраќајот.
Од таму исто така ги повикуваат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и најавија засилени контроли.
„На 09.08.2026 во 00:01 часот на локалниот пат Илинден – Марино, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи го лишиле од слобода Д.В.(41) од Скопје. При извршената контрола било констатирано дека тој управувал патничко моторно возило „опел“ со скопски регистарски ознаки под дејство на алкохол, при што му биле измерени 2,13 промили алкохол во крвта, а управувал и без да поседува возачка дозвола.
За настанот е известен јавен обвинител, а возилото е одземено. По целосно документирање на случајот, против него ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 297-а од Кривичниот законик.
Засилените сообраќајни контроли ќе продолжат и во наредниот период“, соопштија од МВР.













