Велшката полиција и противпожарна служба беа повикани да интервенираат за маж, кој се маскирал како „Косачот на смртта“ (Grim Reaper) и гледал кон пациенти од покривот на една болница.
Леон Гилеспи (26) од Деганви облекол целосно црна облека со качулка и застанал на место од каде што се гледал влезот на болницата „Исбити Глан Клуид“ (Ysbyty Glan Clwyd) во Денбишир, северен Велс. По еден час минат на покривот, полицајците успеале да ги приведат.
Посетителите на болницата биле во шок од глетката на маж кој стоел неподвижно и мавтал со предмет што личел на долг нож или коса.
На Гилеспи му била изречена парична казна од 200 фунти откако се изјаснил за виновен за предизвикување вознемирување во болница.












