Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Наредена масовна евакуација, Тојота затвори девет фабрики – Јапонија на удар на тајфунот Делфин

/

Свет

Сподели преку :

Речиси 260.000 луѓе во југозападниот дел на Јапонија добија наредба за евакуација поради силниот тајфун Делфин кој ги зафати подрачјата на Окинава, Амами и Кјушу. Откажани се над 500 летови, јапонскиот автомобилски гигант Тојота ја запре работата во девет фабрики, а властите предупредуваат на разорни удари на невремето, обилни дождови, поплави и свлечишта. Според податоци на метеоролозите, максималната брзина на ветрот во близина на центарот на тајфунот изнесувала 144 км./ч., додека ударите достигнувале и со 198 км./ч.

Посебно тешка е ситуацијата во префектурата Кумамото која сè уште се опоравува од неодамнешниот земјотрес со магнитуда од 7,1 степен.

Тајфунот Делфин се движи кон запад и се очекува да мине северно од Тајван чии власти, исто така, го подигнуваат нивото на внимателност.