Остатоци од германски бродови од времето на Втората светска војна повторно се појавија покрај Дунав во Србија, бидејќи рекордно ниските нивоа на водата ги открија бродовите потопени на крајот од војната од страна на нацистичката армија во повлекување.

Остатоци се појавија во близина на градот Прахово во текот на изминатата недела, додека нивото на реката паѓа. Околу 20 остатоци со различни големини сега се видливи со голо око од бреговите на реката.

Остатоците го стеснуваат пловниот канал на Дунав, втората по големина река во Европа, правејќи го преминувањето по неа речиси невозможно.

Поради паѓањето на водата клучната хидроцентрала во Србија Ѓердап 1 работи со само 20% од капацитетот, што е е најниско производство откако хидроелектраната е пуштена во употреба.
- „Ситуацијата останува предизвикувачка кога станува збор за нивото на водата на Дунав. „Ѓердап Едан“ е на 20 проценти од производството, а „Ѓердап Веја“ на 30 проценти. Приливите се најниски, имено 1.500 кубни метри во секунда. Тие беа на тоа ниво во 2003 година, а последниот пат пред тоа беше во 1985 година“, рече Хандановиќ, пренесува РТС.

Таа нагласи дека сето ова зборува за вонредна состојба, која мора да се следи и сите вработени мора да сторат сè за да го надминат овој предизвикувачки период. Хандановиќ изјави дека состојбата во хидроелектраните на реката Дрина е нешто подобра, бидејќи, иако приливите се под просекот, тие се над биолошкиот минимум.

На бреговите се собраат и љубопитни туристи, барајќи локални рибари за да ги однесат понатаму, но Ивица Гавриловиќ, од Прахово, кој целиот свој живот го поминал живеејќи покрај Дунав, вели дека иако водата паѓа отстранувањето на остатоците на бродовите од Втората светска војна се уште не е започнато.
- „Да, водата е многу ниска оваа година. Во 2004 година, нивото на водата беше на минус 180 сантиметри, а во 2026 година, токму сега е на минус 117 до 120 сантиметри, и имам чувство дека ќе се намали. Луѓето сè уште не знаат како сами да пристапат до бродовите, постои огромен интерес за оваа тема, но луѓето сè уште не можат да пристапат до ова место,“ рече Ивица Гавриловиќ, жител на Прахово.
- „Како што можете да видите, бродовите повеќе не можат да поминат. Нивото на водата не е доволно, има помалку од 3 метри длабочина во речното корито, да, во речното корито,“ вели Крста Брандиќ, жител на Прахово
Напорите за отстранување на олупините се во тек со години, а само два брода беа делумно отстранети од речното корито во 2024 година.

Ниските нивоа на водата на реката Дунав предизвикаа загриженост низ цела Европа, а посебно во Бугарија, каде што вниманието е насочено кон нуклеарната централа Козлодуј, која се потпира на реката за своите системи за ладење. Властите велат дека централата останува целосно оперативна и не се очекува намалување на капацитетот во наредните недели, додека експертите објаснуваат… Продолжи со читање
Б.С.












