Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ЕУ ќе ги искористи лекциите од Сеута за зајакнување на своите мигрантски политики

/

Свет

Сподели преку :

По неколку денови на остри критики за мигрантската политика на шпанската влада откако десетици илјади Мароканци влегоа на шпанска територија, министрите за внатрешни работи на земјите членки на Европската унија денеска се обединија зад Мадрид, фокусирајќи се на тоа како да се спречи повторување на сцените од Сеута. Но, и покрај тоа Шпанија останува разочарана поради изјавите на одредени европски државници, како и заедничкото писмо кое го потпишаа 22 членки на унијата предводени од Италија и Данска, со кое побараа построги контроли и поостра мигрантска политика.
– Ова навистина ја потресе ЕУ бидејќи, според мене, политичките лидери се навикнаа на продолжувањето на намалувањето на нелегалните пристигнувања, без да размислуваат дека нешто може да се случи и дека треба да бидат подготвени, изјави Хелен Хан – Европски центар за миграциски политики.

Неколку денови по смирувањето на кризата во Сеута, информации за тоа како дојде до оваа лавина на мигранти започнуваат да излегуваат на површина. За почеток, погрешната интерпретација на неодамнешната пресуда на шпанскиот Врховен суд, дека нелегалните мигранти кои пристигнуваат во земјата со бродови не смеат веднаш да бидат депортирани во Мароко, која погрешна интерпретација подоцна беше злоупотребена од низа налози на социјалните мрежи кои тврдеа дека границата со Шпанија е отворена.

–Ова не е готово бидејќи Европа повторно покажа слабост, огромна слабост, вели Алисија Гарсија Хереро – главен економист во Натиксис

На крајот повеќе од 80.000 го препливаа заливот и ја преплавија Сеута, но во хаосот најмалку 83 лица го загубија животот, 72 на брегот во Сеута и уште 11 на мароканската страна. Шпанските власти тврдат дека интегритетот на Шенген зоната не е нарушен, затоа што ниту едно од тие лица не успеало да излезе од Сеута. Најголемиот дел од тие 80.000 се веќе депортирани назад во Мароко.

–Дојдов овде на границата со Сеута да го барам син ми. Го чекам да се врати уште од петокот. Кога слушнавме дека границата е отворена, тој веднаш тргна. Го чекам, но не знам што се случило со него, вели татко на мигрант .

Оваа хаотична, но сепак кратка криза ја лансираше миграцијата на врвот на европската агенда. Ова тема секако беше предвидена да биде дискутирана на самитот на Европскиот совет во октомври, но по сцените од Сеута, се очекува таа да биде една од главните теми на тој самит.

Игор Трајков